Села до Ахмети: Кој е високиот функционер на ДУИ кој го извести Груевски за изборот на претседател на Собранието
Тој е единствениот невин кој е во затвор, рече лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села зборувајќи за Абдулфета Халими, човекот за кој тврди дека му го спаси животот при упадот во Собранието на 27 април пред четири години. Села беше денеска во затворот Идризиво и го посети Халими а по средбата рече дека тој внатре е добро но дека единствената вина што е во затвор е тоа што му го спасил ќживотот.
„Беше посета на член на семејство. Фета Халими за мене е семејство. За жал, посетив еден од невините во затвор. Постојат многу други виновници кои се на слобода. За секој ден што Фета останува тука, се чувствувам засрамен. Живеам секој ден со совеста дека човекот кој ми го спаси животот е во затвор, неправедно, рече Села.Села јавно го праша лидерот на ДУИ, Али Ахмети зошто се уште има неразјаснети ситуации за овој настан.
„Ако ја видите снимката од 27 април, кажете ми дали има отпор од униформираната полиција да ја запре толпата, никој! Тогашниот министер Агим Нухиу продолжува да ужива државни функции. Луѓето што ги отворија вратите беа амнестирани. Организаторите беа амнестирани, дури и имунитетот не им беше одземен од СДСМ-ДУИ. Јавно го прашувам .Ахмети и ДУИ да покажат дали знаат кој е нивниот висок функционер кој тој ден го извести Никола Груевски за изборот на претседател на Собранието. Ова е порака што отиде од Груевски до Трајко Велјановски, вели Села.
Абдулфетах Алими е припадник на собраниското обезбедување и е од кумановско Оризаре.
