Економија, финансии, бизнис

Контакт

Села: Aко постои договор меѓу Македонија и Грција да се искористи тој момент

Села: Aко постои договор меѓу Македонија и Грција да се искористи тој момент

Зијадин Села, претседателот на Алијансата на Албанците денеска од Охрид порача дека многу е важно ако постои договор меѓу Македонија и Грција да се искористи тој момент и да се отвори евроатлоанскиот пат на Република Македонија.

„За други наши ставови треба да се соберат органите на партијата, треба да се консултираме со нашите експерти и ќе имате наш став по прашањето. Македонија е секуларна држава и по секоја цена тоа треба да се чува. Ако веќе сме имале проблеми кои датираат од третиот век пред нашата ера, не треба да се враќаме на 9-от век пред нашата ера “– вели Села.

Утре ќе има лидерска средба за името. Како нов предлог се појави и „Република Илинденска Македонија“. 

Слично

Поврзани вести