Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сексуално образование ќе биде изборен предмет во деветто одделение

Сексуално образование ќе биде изборен предмет во деветто одделение

Мила Царовска, министерката за образование и наука, во синоќешното интервју за Канал 5 рече дека ќе се изучува сексуалното образование во основните училишта, но како изборен предмет во деветто одделение.

Министерката со тоа демантираше дека овпој предмет ќе биде застапен во второ одделение. Таа додава дека во моментов се држи интензивна обука во четири пилот училишта

„Бидејќи е изборен предмет, наставниците кои се подготвени да ги предаваат овие теми ќе поминат соодветна обука. Во моментов се држи интензивна обука во четири пилот училишта каде што треба да се воведе од наредна година пилотирање на изборен предмет сексуално образование, во 9. одделение, тврди Царовска.

Според министерката, сите анкети покажуваат дека и родителите, и учениците, и наставниците имаат потреба од овие теми во образовниот систем во погорните одделенија. 

Слично

Поврзани вести