„Секретарите се менуваат, вечна е идејата и љубовта за ВМРО и за Македонија“: Јанкуловска со поддршка за Ковачки
Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска преку објава на социјалните мрежи порача дека промените во партиските функции не ја менуваат суштината на идејата и поддршката за партијата.
- Секретарите се менуваат, вечна е идејата и љубовта за ВМРО и за Македонија - напиша Јанкулоска, изразувајќи благодарност и поддршка за актуелниот генерален секретар Драган Ковачки.
Таа во објавата изрази благодарност и поддршка за актуелниот генерален секретар Драган Ковачки, посакувајќи му успешен мандат на новата функција.
Јанкулоска истакна дека, и покрај персоналните промени, останува силна поддршката и посветеноста кон ВМРО-ДПМНЕ и нејзините политики.
На фотографиите кои ги сподели Јанкулоска може да се забележи дека меѓу присутните на настанот во просториите на ВМРО биле и други некогаш истакнати членови на партијата како Мартин Протуѓер, Емил Димитриев, Кирил Божиновски...
Слично
