Секојдневно се зголемува бројката, десетици илјади граѓани не можат да добијат нова лична карта
Повеќе од 30 илјади граѓани во моментов не можат да добијат нова лична карта, поради тоа што во Собранието заглави предлог-законското решение за етничката графа во личните документи.
Бројката на неиздадени документи секојдневно расте, иако граѓаните од почетокот на јули веќе аплицирале, се фотографирале и платиле за новите документи.
05 до 31.07.2021 барање за лична карта поднеле 26.314 граѓани, додека од 01-06.08.2021 примени се 4.864 барања за лични карти од граѓаните, објави Дојче Веле. Од МВР засега велат дека тоа е така затоа што законот е се уште во Собрание и не може да се интервира ретроградно
Законот за личните карти кој е доставен од март во Собрание, е блокиран од опозицијата со 1.506 амандмани, иако неговата примена треба да важи од 1 јули.
