СЕКОЈДНЕВНО ДОБИВАМ ПОГУБНИ ВЕСТИ ЗА МОИ БЛИСКИ ПОЧИНАТИ ОД КОВИД: Лидерот на ДУИ, Ахмети со апел за вакцинација
Лидерот на ДУИ
Али Ахмети денеска на својот профил на Фејсбук испрати порака до граѓаните да
се вакцинираат против корона вирусот, со цел да се заштитат и себе си и
другите. Вели дека секој ден добива жални вести за најблиски кои се борат со
болеста или завршиле фатално. Истовремено изрази искрено сочувство до семејствата
на починатите од ковид.
-Почитувани, јас,
заедно со моето семејство, сме вакцинирани од мај месец, како еден единствен
начин за справување со смртоносниот вирус COVID19. Во текот на оваа година и
половина, многумина од нас ги загубија своите сакани. Секојдневно добиваме
кобни вести од најблискиот круг, синоќа починаа братот на мојот пријател Бекир
Асани заедно со неговата 33-годишна ќерка
и братот на мојот пријател Невзат исто така. Изразувам најдлабоко сочувство до
сите членови на семејствата кои ги загубија животите од овој подмолен вирус и
апелирам за масовна
ВАКЦИНАЦИЈА и почитување на мерките, дистанца, маска, хигиена. Ве молам за
грижа и висока граѓанска одговорност, семејна и индивидуална свест, затоа
вакцинирајте се и не двоумете се!, пишува лидерот на ДУИ во објавата
