Економија, финансии, бизнис

Контакт

Секоја зима своето хоби го прават бизнис: Идеја од која и вие може да заработите

Секоја зима своето хоби го прават бизнис: Идеја од која и вие може да заработите

Семејството Гавриловиќ рачно прави дрвени санки со слики на цртани јунаци како во текот на празниците би ги израдувале малите деца.

Јована М. Гавриловиќ секоја зима хобито го претвора во бизнис, и тоа на радост на малите за кои во семејната работилница рачно прави удобни дрвени санки.

Уживањето во снежните денови на децата ширум Србија им го разубавуваат и нејзиниот татко Ненад, брат и снаа, кои исто така учествуваат во изработка на санки со буково дрво. И додека оваа сезона малите чекаат да падне снег, Гавриловиќ вредно работат на склопување нови модели санки.


„Мојот татко е столар и еднаш направи дрвени санки кои му ги подари на мојот син за Нова година. Малиот беше пресреќен за подарокот. Гледајќи го, дојдов на идеја да направиме уште санки и да усреќиме уште деца“, раскажува Јована.

Како вели таа, родителите често им даваат предност на дрвените санки бидејќи се поудобни и полесни од металните, а се обложени со мек сунѓер за да бидат поудобни.

Оваа сезона продале над 100 санки, а со паѓањето на снегот очекуваат бројката да расте.

Ова е интересна идеја за бизнис. Доколку имате слободно време со оваа идеја може да се впуштите во авантура од која ќе заработите.

Слично

Поврзани вести