Економија, финансии, бизнис

Контакт

Секоја со модерен и уникатен изглед – кој ги проектира и гради болниците „Аџибадем“

Секоја со модерен и уникатен изглед – кој ги проектира и гради болниците „Аџибадем“

Многу зеленило, минималистички ентериер, затворен летниковец како сала за состаноци– зградата на „Аџибадем проџект менаџмент“ е еден од последните нивни архитектонски проекти. Но нивни идеи, архитектонски решенија и проекти се впрочем повеќето од болниците во групацијата „Аџибадем“, како и реновирањето на болницата „Аџибадем Систина“ во Македонија. 

Приказната ја градат веќе 15 години - дизајнираат, градат, планираат и набавуваат медицинска опрема, а досега проектирале повеќе од 60 здравствени објекти во Турција, Русија, Централна Азија, Балканот, Блискиот исток и Северна Африка. За плановите зборуваа пред македонските новинари во Истанбул.


„Аџибадем проџект менаџмент“ со работа почнале во 2004 година. Првично стартуваат како фирма која ги гради болниците на Аџибадем, за сега да проектираат болници низ целиот свет.

Есра Јилмаз, менаџер за бизнис-развој во „Аџибадем проџект менаџмент“ објасни дека работат само на објекти од здравствениот сектор, информираше дека во моментот се во фаза на проектирање на болници во Санкт Петербург, Москва, Сараево, Софија, Киев, Абу Даби кои се простираат на над 500.000 квадратни метри површина. 

Од фазата на планирање до отворањето, вели таа, вообичаено се потребни неколку години, но посочи дека има случаи кога успеале да изградат прелиминарен проект со системи за 3Д моделирање за само три недели. 


Јилмаз нагласи дека кога станува збор за проектите за реновирање на болниците, додека градежните работи се во тек, болничките операции никогаш не запираат; напротив, болниците функционираат беспрекорно. Сите болници, како што истакна Есра Јилмаз, се енергетски ефикасни, одржливи, засновани на докази и проектирани во благопријатна средина, а неодамнешните се акредитирани според LEED Gold.


Сместена веднаш до болницата „Аџибадем Маслак“ во Истанбул, еден од нивните последни проекти реализиран во 2018, во оваа фирма проектите започнуваат со сон и завршуваат со претворање на сонот во реалност, заклучува Јилмаз.

А.Т.

Слично

Поврзани вести