Економија, финансии, бизнис

Контакт

Секоја општина ќе даде по 2, а Град Скопје по 10 милиони денари за „Лајка“

Секоја општина ќе даде по 2, а Град Скопје по 10 милиони денари за „Лајка“

Секоја скопска општина ќе даде следната година по 2, а Град Скопје по 10 милиони денари од својот буџет за функционирањето на стационарот за бездомни кучиња „Лајка“ во 2021.
Ова е решено во одлуката за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и општините во Скопје за заловување на кучиња на дневниот ред на денешната 61-ва седница.

„Со оваа одлука, во насока на обезбедување на трајно и квалитетно вршење на дејноста што се однесува на заловување и собирање на бездомните, односно нерегистрирани и регистрирани кучиња, се предвидува секоја од десетте општини во рамки на градот Скопје, да издвојуваат сума од 2 милиона денари годишно за реализацијата на оваа дејност од јавен интерес, додека Градот Скопје ќе учествува со 10 милиони денари“, соопшти Град Скопје.
По донесувањето на одлуката, ќе се склучат договорите со градоначалниците на скопските општини со кој би се уредиле поблиску прашањата за начинот и условите за вршење на заедничката надлежност, начинот на исплата на финансиските средства и други прашања од значење за меѓуопштинската соработка.


Слично

Поврзани вести