Економија, финансии, бизнис

Контакт

Секој твој роденден Тоше, наша е воздишка: Сестрата на музичката легенда со скршено срце

Секој твој роденден Тоше, наша е воздишка: Сестрата на музичката легенда со скршено срце

Огромна бела торта и емотивна посвета по повод роденденот на музичката легенда Тоше Проески, сподели неговата сестра Дора.

„Секој твој роденден Тоше, наша е воздишка“, пишува на роденденската торта направена за Проески, кој да беше жив денес ќе наполнеше 42 години.

Тодор „Тоше“ Проески (Прилеп, 25 јануари 1981 — Нова Градишка, 16 октомври 2007) — беше најпознат македонски поп-пејач и една од најголемите ѕвезди на балканската музичка сцена, каде што е доживуван како заштитен знак на Македонија. 

Музичката кариера ја започнал со настапот на прилепскиот фестивал Мелфест во 1997, каде што и победил изведувајќи ја песната Yesterday од Битлси. Патот кон ѕвездите му го отвораат песните Пушти ме (1997) и Остани до крај (1998). Имал блиска соработка со Џеф Бек, Григор Копров, Жељко Јоксимовиќ, Леонтина Вукомановиќ, Марина Туцаковиќ, Бора Ѓорѓевиќ, Миро Буљан, Антонија Шола, Тони Цетински, Phoebus, Ања Рупел и голем број на други влијателни балкански и светски музичари и композитори. Се смета дека подемот во неговата кариера започнал по изведбата на песната Твоите бакнежи на моите бели кошули на Скопскиот фестивал во 1999 година. Во меѓувреме Тоше станал дел од продуцентската куќа Авалон, каде што останал сè до истекувањето на неговиот договор во април 2002. Во 2004 година бил прогласен за Амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ. Негов заштитен знак е познатиот израз Ве сакам сите.

Загина на 16 октомври 2007 во сообраќајна несреќа во Хрватска. Посмртное прогласен за заслужен граѓанин на Македонија. Денот на неговиот погреб, 17 октомври, беше прогласен за Ден на национална жалост. Повеќе на Женски магазин.


Слично

Поврзани вести