Економија, финансии, бизнис

Контакт

Секој трет човек во Македонија го прележал коронавирусот

Секој трет човек во Македонија го прележал коронавирусот

Секој трет во Македонија има анти-тела на коронавирусот, а земјата е се поблиску до колективен имунитет. 

Проф. Д-р Александар Петличковски, директор на Институт за имунологија вели дека секој трет човек што шета по улица има поминато и има имунитет на оваа болест. Вели дека кај луѓето под 30 години имаме почеста преваленција. Вели дека државата фокусот треба да го стави на вакцините и за истото да  направи стратегија, односно оние кои прележале да се вакцинираат со една доза. 

Во последните 24 часа се направени 1.258 тестирања, а регистрирани се 284 нови случаи на коронавирусот. Но, минатата недела имаше над 700, 800 заразени со вирусот. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести