СЕКОЈ ОД НАС, ВО ЕДЕН МОМЕНТ, ПОСАКАЛ ДА ГО ПРАВИ ОНА ШТО ДЕНЕС ГО ПРАВИ АРСОВСКА: Салиу вели „Не е само Чаир полн со дивоградби“
Новинарот Фуркан Салиу, излезе со реакција откако градоначалничката Данела Арсовска откри скандал со дивоградби во Општина Чаир.
„Секој од нас, во еден момент од својот живот, посакал да го прави она што денес го прави Арсовска, но на крајот се откажал и им се придружил — нели, „имам семејство“.
За жал, не е само Чаир полн со дивоградби. Отидете и во другите општини и ќе видите дека „инвеститорите“ се менувале онака како што се менувала и локалната власт.
Колку и да е болно — и те фаќа инает — што ти, со минимална плата, плаќаш данок, сметки, казни и кредити, а некој милионер не го прави тоа, за жал, веќе е прекасно да се зборува за оваа тема.
Ако се спроведе правда, пак, токму тие чесни граѓани што плаќале и немале избор каде да живеат, бидејќи барале поевтин дом, ќе останат на улица“, напиша тој.
