„СЕКОЈ НОВ ДЕН Е НАША ГОРДОСТ“: градоначалникот на Кисела Вода со емотивна објава, и премиерот на прослава
Убав повод за славење во домот на градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓеорѓиевски.
Тој на својот Фејсбук профил сподели фотографии од прославата, но забележиво е што на истата присуствуваше и премиерот Христијан Мицковски со сопругата.
Радосниот татко, на Фејсбук сподели дека се славел роденденот на неговиот син, Ведран.
- Сине, денот кога ти се роди, беше најважниот ден од мојот и во животот на мајка ти.
Твоите први чекори во нашиот дом беа првата среќа која нас нѐ облеа. Твојот плач, твојата насмевка. Твоето постоење, сине!
Како растеш, секој ден со тебе е наша нова авантура.
Секој нов ден е наша гордост.
Денес го славиме твојот специјален момент, денес го славиме денот на твоето раѓање, сине.
Ние ќе продолжиме и понатаму да си читаме приказни за добра ноќ, ама и ќе растеме заедно.
Мама и тато се горди на тебе!
Ние ќе бидеме секогаш тука за тебе, прва наша љубов.
Среќен роденден Ведран наш!
Еве ја објавата:
Слично
