„СЕКОЈ КРИМИНАЛЕЦ ВО ДРЖАВАВА МОРА ДА БИДЕ НАГРАДЕН СО ПОВИСОКА ФУНКЦИЈА“ - Најчевска за назначувањето на поранешната градоначалничка за нова директорка на „АД Аеродроми“
Професорката Мирјана Најчевска на својот фејсбок профил жестоко го критикуваше назначувањето на поранешната градоначалничка на Арачиново на нова функција.
„Секој криминалец во државава мора да биде награден со повисока функција од која може повеќе да украде“, напиша Најчевска на својот фејсбук профил.
Халими доаѓа на местото на досегашниот прв човек Трајче Ангеловски со одлука на Надзорниот одбор на 25 октомври на друштвото кое управува со имотот на двата македонски аеродроми во делот кој не е под концесија на ТАВ Македонија.
Пред една година Халими се вработи во Царинската управа како инспектор за истраги за борба против економски криминал. Тогаш медиумите реагираа дека таа го нема потребниот степен на образование за да конкурира за такво работно место.
До Надзорниот одбор на „АД Аеродроми“ пристигнала препорака без образложување дека Ангеловски треба да се разраши и да се назначи Халими.
