„СЕКОЈ КОЈ Е ПОВРЗАН ДА БИДЕ ИЗВЕДЕН ПРЕД ЛИЦЕТО НА ПРАВДАТА“: Мицкоски за инспекторот кој соработувал со сопствениците на „Пулс“
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека не бил задоволен за тоа како работи Обвинителството во однос на предметот за пожарот во Кочани.
„Случајот го води ОЈО, Коцевски. Таму, 12тина обвинители беа тие кои работеа на случајот. Ако е прашањето дали сум задоволен од работата на Обвинителството, не сум, затоа и поддржавме смена на Коцевски, а зошто СДСМ и ДУИ не поддржаа смена, тоа е друго прашање. Треба секој оној кој на било каков начин и во билка каква форма има било каква поврзаност со тој случај, да биде изведен пред лицето на правдата“, рече Мицкоски.
Прашањето до премиерот доаѓа по сторијата на ИРЛ, каде беа објавени телефонски преписки за кои медиумот тврди дека се одвивале помеѓу сопствениците на „Пулс“ и инспектори. Едната пак, велат дека е помеѓу синот на сопственикот на „Пулс“ и локален инспектор од УЈП и брат на в.д. претседателката на скопскиот Кривичен суд, Даниела Димовска.
