Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Секој ќе учи на својот мајчин јазик - Од 2018/2019 година во деветолетките ќе се учи и на босански јазик

(ВИДЕО) Секој ќе учи на својот мајчин јазик  - Од 2018/2019 година во деветолетките ќе се учи и на босански јазик

Владата усвои информација за подготовка за воведување на босанскиот јазик во редовната настава. Од учебната 2018/2019 година се предвидува воведување на босанскиот јазик во редовната настава во основното деветгодишно образование, со што се воведува можност припадниците на бошљачката етничка заедница да учат на својот мајчин јазик.

„Во текот на наредниот период треба да се направат сите подготовки ова да се имплементира и од учебната 2018/19 планирано е босанскиот јазик да се воведе во редовната настава во основното деветгодишно образование“, рече Бошњаковски.


  Појасни дека МОН, односно Битрото за развој на образование за таа цел ќе направи измени во наставниот план.

„Ќе бидат изготвени и наставни програми по предметот босански јазик, но ќе се преведат и постоечките наставни програми по предметите кои ќе се изучуваат во прво одделение. Ќе се изучува во оние општини, во оние делови на Македонија каде што има припадници на оваа етничка заедница“ – додаде Бошњаковски.

Слично

Поврзани вести