Економија, финансии, бизнис

Контакт

Секој ден во 15 часот нова статистика за бројот на новозаболени од коронавирусот

Секој ден во 15 часот нова статистика за бројот на новозаболени од коронавирусот

Министерството за здравство од денеска секој ден во 15 часот ќе испраќа нови информации за ситуацијата со коронавирусот во нашава земја, откако претходно Институтот за јавно здравје ќе ја достави статистиката на денот за бројот на новозаболени пациенти.

Од Министерството за здравство информираат дека е зголемен обемот на работа и информации и е сè поголем бројот на тестирања во повеќе лаборатории кои ги доставуваат своите извештаи до ИЈЗ.

-Неопходно е да имаме точни, проверени и прецизни податоци и за таа цел го поместуваме времето за известување. Прес-конференциите остануваат да се одвиваат на редовна основа за сите дополнителни информации и прашања од страна на медиумите. Нашата служба за Односи со јавност е максимално посветена да одговори на секое прашање во најкус можен рок и тоа ќе продолжи да го прави и во иднина, информираат од Министерството за здравство.


Слично

Поврзани вести