Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕКОЈ ДЕН СЕ ПОГОЛЕМ БРОЈ ХОСПИТАЛИЗИРАНИ: Во ковид-центрите има рекорден број пациенти, 1.720

СЕКОЈ ДЕН СЕ ПОГОЛЕМ БРОЈ ХОСПИТАЛИЗИРАНИ: Во ковид-центрите има рекорден број пациенти, 1.720

Само во последните 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 87 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 686 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 45 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 20 примени пациенти и 11 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени нови болни, а 2 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 68 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 316 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 142 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 155 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 38 пациенти. На Клиниката за детски болести има 8 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 9 позитивни пациентки. Во Институтот за физикална медицина и  рехабилитација има 11 болни.Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Во изминатите 24 часа  во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 1034 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 99 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 82 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 52 пациенти, во Велес се лекуваат 89 болни, а во Куманово 173 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 127 во ковид центарот во Гостивар 42, а во Струга 14 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 87 пациенти, во Кочани 36 во Кичево 23, Кавадарци 79, а во Гевгелија 21 лице позитивно и суспектно на корона вирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1720 и има околу 240 празни болнички кревети во ковид центрите.


Слично

Поврзани вести