Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕКОЈ ДА КАЖЕ НА ШТО ЌЕ СЕ ГРЕЕ - без тоа нема да може да гради

СЕКОЈ ДА КАЖЕ НА ШТО ЌЕ СЕ ГРЕЕ - без тоа нема да може да гради

Регулаторната комисија за енергетика бара од Министерството за транспорт и врски да се подготват измени на законот за градење, со што ќе се бара при издавање на одобрението за градење точно да се наведе на што ќе се грее секој нов објект што ќе се гради. Ова предлог-решение РКЕ ќе го достави до Министерство за транспорт и врски, а крајната цел е истото да биде инкорпорирано при носењето на Законот за градба.

„Мотивот за иницијативата што ја преземаме како регулаторно тело со ова предлог- решение е со цел на најефикасен и најекономичен начин да бидат искористени ресурсите со кои располагаме како држава за да се реши греењето на граѓаните. Станува збор за пракса преземена од европските метрополи, моделшто не фаворизира туку дава предвидливост, сигурност и стабилност во испораката. На овој начин ќе имаме однапред мапираните реони каде и на кој енергенс ќе се загреваат домовите и објектите. На пример: каде што има организиран систем на греење, новите градби ќе се приклучат на истиот, а доколку инвеститорот покаже дека има поефикасен систем како би го решил проблемот со греење, не е спорно тоа решение да го реализира. Крајна цел е домаќинствата да добијат економичен, ефикасен и еколошки енергенс, а операторите на дистрибутивната мрежа да знаат точно каде и во кои реони да ги зајакнат инвестициските циклуси во мрежата за да сведат на минимум можните дефекти и да нема испади од системот.“ изјави Марко Бислимоски претседател на регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

Слично

Поврзани вести