Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕКОГАШ СЕ ПОТПИРАМ НА ГЛАСОВИТЕ ОД ГРАЃАНИТЕ И ВЕРУВАМ ВО ПОБЕДА: Шилегов повика на мосовна излезеност во вториот круг

СЕКОГАШ СЕ ПОТПИРАМ НА ГЛАСОВИТЕ ОД ГРАЃАНИТЕ И ВЕРУВАМ ВО ПОБЕДА: Шилегов повика на мосовна излезеност во вториот круг

Актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов кој по првиот круг на локалните избори заостанува зад кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, денеска се заблагодари на сите граѓани кои гласале за него.

-Сакам да им се заблагодарам на граѓаните за поддршката во првиот изборен круг. Во вториот изборен круг влегуваме изедначено. Скопје мора да продолжи напред и јас силно верувам дека скопјани во втроиот изборен круг ќе излезат во многу поголем број и ќе дадат поддршка за политиките што Скопје за четири години целосно го променија. Реализиравме огромен број проекти во интерес на граѓаните. Решававме и решивме децениски напластени проблеми во градот. Работевме за сите граѓани подеднакво и Скопје конечно стана единствен град.

Ги повикувам сите граѓани кои од одредени причини не излегоа на гласање, во вториот круг масовно да излезат и да гласаат. Јас сум убеден дека поради ова и поради големиот коалициски капацитет, во вториот круг ќе извојуваме голема победа, истакна Шилегов.

Тој е убеден дека во втриот круг ќе има сигурна победа, пред се поради, како што рече силната коалиција со граѓаните.

-Г-ѓа Арсовска е поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и по анализа на резултатите таа го постигна истиот резултат, што ВМРО-ДПМНЕ го имаше во Скопје на парламентарните избори лани. Коалицискиот капацитет што го имам јас, бидејќи е коалициски капацитет со граѓаните е многу поголем и поуспешен и верувам во победа на изборите. Како и секогаш се потпирам на гласовите на граѓаните, нагласи Шилегов.

А.Б.


Слично

Поврзани вести