СЕКОГАШ ПОГРЕШНО, СЕКОГАШ НЕДОВОЛНО: Пожарите ги гасиме на лето, но се гасат и превентивно, еве што мислат пожарникарите за состојбата
Пожарите не се гасат само кога ќе се појават.Тие се гасат и превентивно,се гасат системски,со подготовка.
Само еден дел:
- Секторирање на шумите(појас),
- изградба на пристапни патишта,
- набавка на специјални ПП возила за гасење на шумски пожари,
- набавка на опрема за гасење на шумски пожари(не гранки),
- планска изградба на црпилишта за вода,
- подготвени и обучени луќе за гасење на шумски пожари,решена мобилизација и логистика,
- изградба на извидувачки точки,
- извидувачки мобилни екипи на терен, во услови на зголемена температура, според степенот на опасност(не се битни боите и само тие),
- дежурство на мобилни екипи со возила и опрема според план,
- изучување на тактика за гасење на шумски пожари ,раководење и опасности,
- заедничко делување на повеќе структури со штабска команда(без предрасуди и антагонизам),
- Кординација при делување од воздух и долу на терен.
Ова не е откривање на Америка,овоа е реалност,овоа е потреба,само ќе напоменам дека во една странска европска земја благодарение на овие мерки пожарите се гасат 90 % до зафатена површина од 1 км квадратен.И на крај не смееме да дозволиме гасењето на пожари на отворен простор да ни зависи од некој бел Цветко или црн Петко.Потребно е да се изгради систем на време, бидејќи веќе се троши и она што веќе го имаме стекнато со години наназат........пишано е одамна...ама кој го прочитал?!?!“, вели поранешниот пожарникар, Трајче Кметовски.
