Секое село да стане општина - предлага ВМРО-НП
Секое село да стане општина, со ваков предлог излезе ВМРО Народна Партија.
ВМРО-НП пласира системско решение со политички и економски дух, објави А1он.
„На Република Македонија и се случува депопулација, бегство во поголемите градови или во странство. Во моментов имаме 1800 населени места, а само 80 општини. Ние во Македонија ќе направиме секое село да биде општина, систем на комуни“ - кажа Георгиевски.
Лидерот на ВМРО-НП, смета дека со тоа ќе спласне мултиетничката напнатост, затоа што системот ќе биде прифатен за сите. Според него, со овој систем ќе се врати економскиот импулс во секое село.
Тој вели дека на овој начин селата ќе конкурираат со свои програми.
Слично
