Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сеизмолошката опсерваторија регистрираше земјотрес со јачина од 4,5 степени

Сеизмолошката опсерваторија регистрираше земјотрес со јачина од 4,5 степени

Земјотрес со локална Рихтерова магнитуда од 4,5 степени регистрираше Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје попладнево во 16.14 часот во Грција.

Според досегашните податоци, земјотресот е најсилно почувствуван во градот Битола и околината со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Опсерваторијата.

Епицентарот на земјотресот е во пограничното подрачје Битола – Лерин, на 120 километри јужно од Скопје.

Веќе три дена има земјотреси во делови од Македонија и Грција. Повеќе потреси ја стресоа Битола. 

Слично

Поврзани вести