Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕГДЕ ПРАТЕНИК Е ПРЕТСТАВНИК НА НАРОДОТ, САМО КАЈ НАС Е ЖИВ СРАМ: Ина Многуфина за насилникот од Радовиш кој тепаше жена

СЕГДЕ ПРАТЕНИК Е ПРЕТСТАВНИК НА НАРОДОТ, САМО КАЈ НАС Е ЖИВ СРАМ: Ина Многуфина за насилникот од Радовиш кој тепаше жена

Видеото кое беше објавено а на кое се гледаше како маж од Радовиш тепа наводно бремена жена, ја потресе македонската јавност.

Иако тој беше приведен, за жал беше пуштен на слобода, откако жената не сакаше да поднесе пријава против него.

По тој повод се огласи и една од највлијателните инфлуенсерки на социјалните мрежи во земјава, Ина Многуфина.

„Сите се вознемиривме од видеото од Радовиш и имаше многу од вас што прашуваа зошто ваков човек е на слобода. Затоа што пратениците така одлучија. Лани, кога пратениците земаа 300 000 евра за патни трошоци, решија безбедноста на сите да зависи од тоа дали жртвата ќе пријави, а жртвата е најчесто уплашена, економски зависна и нема каде да оди. И така насилниците шетаат меѓу нас, ментално нестабилни или пијаничишта или наркоманишта живеат без проблем околу нас, работиме со нив, се возиме во лифт со нив и не знаеме кога ќе ги штракне. А да мислите дека сте безбедни е исто ко да седнете до лав и да мислите дека нема да ве нападне дека не сте му направиле ништо. И не се само насилници тие што тепаат жени има и такви што тепаат родители, деца, браќа сестри... но, не се гонат ако не ги пријави тој што е тепан. Ете затоа насилниците лабаво се на слобода бидејќи пратениците им овозможија да уживаат во нивната агресивност без гонење по службена должност. Сегде пратеник е претставник на народот само кај нас е жив срам“, напиша таа.




Слично

Поврзани вести