„СЕГА ВО МОМЕНТОВ, МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА ПОВЕДЕ ТУЖБА ПРОТИВ БУГАРИЈА“: Менкиноски вели дека соседот не ги почитува основните човекови права
Сега во моментов, Македонија треба да поведе тужба против БУгарија за непочитување на европската конвенција за човекови права, истакна во „Само вистина“, адвокатот, Тони Менкиноски.
„Значи кога не се почитува Европската конвенција за човекови права тогаш значи се преземаат активности. Имате тужби помеѓу да речеме Молдавија и Украина, имате и против други држави за непочитување на човекови права. Ние го имаме тој адут и треба да го искористиме. Откако новинарката ја спомена тужбата за името во Хаг, Менкиноски рече дека тие што ја поднеле таа тужба, заборавиле да побараат штета „значи пак е нодостиг и апсудр на македонската дипломатија. Ние ги осудивме дека времената спогодба е прекршена од страна на Грција, но не ги осудивме да да платат репарации. Тимот во тој период заборавил да побара репарации. “
