СЕГА СЛЕДИ НАЈТЕШКОТО: Латас со пофалби за новата Влада
Новинарот Драган Павловиќ Латас, со пофални зборови до владата на Мицкоски.
„И што рековме за странските инвестиции...?
Досега договорени проекти за околу 2 милијарди евра, особено последниов за гасификација со кој се решава екологија и намалуваат плаќањата за греење на фирми и домаќинства.
А мандатот е на почеток, и веќе има повеќе странски инвестиции од 7-те години на СДСМ.
И уште сега може да ги завршиме споредбите со минатата власт, споредувањто понатаму би било навредливо за оваа влада, и празен муабет од пред гранапче.
А допрва следи отварање на автопатиштата, реконструкција на клиники и отварање на клиниката во Штип, и така натаму и така наваму
Сега следи најтешкото, Мицкоски и тимот да се мерат, тркаат сами со себе или, што е направено повеќе од планираното“, напиша тој.
