Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕГА СЕ ВО ИСТАНБУЛ: Уште триесетина Македонци вечерва ќе стигнат во Скопје

СЕГА СЕ ВО ИСТАНБУЛ:  Уште триесетина Македонци вечерва ќе стигнат во Скопје

Уште една група македонски државјани наскоро ќе пристигнат во главниот град, откако се евакуираа од Авганистан. Триесетина Македонци слетаа во Истанбул, во Турција и до вечер треба да стигнат во Скопје. 

Тие евакуирани од авганистанскиот главен град Кабул и до вечерва би требало да пристигнат во Скопје.

„Во моментов над триесетина наши граѓани, кои беа сместени во воената база на САД во Доха, Катар, успешно се трансферирани во Истанбул, Турција, од каде во секој момент се очекува да се качат на авион и да се упатат за Скопје. Летот со кој е предвидено да пристигнат, се очекува да слета во 19:50, по локално време на меѓународниот аеродром Скопје“, велат од Министерството за надворешни работи.

Македонските државјани се повлекоа од оваа земја, освен неколку кои ќе се вратат кога ќе им завршат работните обврски. Во неделата Талибанците ја преземаа контролата во Кабул. Сите држави ги евакуираат своите државјани од Авганистан. 

Двајцата српски државјани кои преку медиумите бараа помош да се евакуираат, се спасени и се вратени дома. Тие раскажаа низ што поминале во Кабул. 

Слично

Поврзани вести