„СЕГА КОГА РАДА ПРАДА СТАНА ЗАМЕНИК ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА НАТО, ЦЕЛАТА НАША ЖРТВА ДОБИВА СМИСЛА“: Ванковска распали за новата функција на Шеќеринска
Откако вчера беше објавено дека Радмила Шеќеринска стана заменик генерален секретар на НАТО, со реакција се огласи професорката Билјана Ванковска.
„Сега кога Рада Прада стана заменик генерален секретар на НАТО целата наша национална жртва добива смисла. Зарем не? Дадовме име и презиме, и устав и корени, за богатите да станат побогати и помоќни.
А ДПМНЕ уште и го дуплира воениот буџет и издвојувањата за НАТО. Ете, и платата на Рада ќе ѝ ја плаќаме!
Каков восхит! Каква среќа чувствува македонскиот граѓанин. Македонија Горда, а плус и жена е, па и визијата на Гога целосно се заокружува“, напиша таа.
Слично
