Економија, финансии, бизнис

Контакт

„СЕГА КАНДИДАТИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ СЕ ПОД ГОЛЕМ СТРЕС И ПРИТИСОК ОД ПР АГЕНЦИИ КОЈ ДА ИМ РАБОТИ КАМПАЊА“: Ина многуфина саркастично ги подучи како да ги добијат изборите

„СЕГА КАНДИДАТИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ СЕ ПОД ГОЛЕМ СТРЕС И ПРИТИСОК ОД ПР АГЕНЦИИ КОЈ ДА ИМ РАБОТИ КАМПАЊА“: Ина многуфина саркастично ги подучи како да ги добијат изборите

Ина многу фина која речиси секогаш го крева гласот пред бројни општествени прашања, овој пат пишуваше за кандидатите за градоначалници и како да ги добијат изборите.

„Сега кандидатите за градоначалници се под голем стрес и притисок од ПР агенции кој да им работи кампања. Меѓутоа не мора да имате агенција, можете и сами, еве ќе ви дадам неколку совети и лесно ќе ви оди.

• Прво многу е битно да имате звучен и искрен слоган, слоган кој ќе влева доверба. Мој предлог е "Понашајте се ко да ве почитувам". (ако сакате да го купите ќе се договориме)

• Мора да имате средби со жителите и тука мора да сте многу шармантни. Секоја реченица нека ви почнува со "Ќе".

• Во секој говор имајте ги клучните зборови "зеленило", "градинки", "урбана опрема", "мораториум", "чист воздух", "вело патеки". Тој што ќе трча за Град Скопје нека збори за трамвај.

• Кога ќе ви се обраќаат постарите од населбата обавезно гушкајте ги пред камера дека сте луѓе полни разбирање, но сликајте се и со деца дека вие сте пред се харизматични и децата ве сакаат. Сликајте се и со кучиња бидејќи кучињата препознаваат добри луѓе. Ако ниедно куче нејќе да се слика со вас, фотошоп.

• Во план нека ви е забрана за пушење и за рекламен материјал делете упаљачи.

• Станете бфф со тричетири инвеститори.

• Не бидете досадни. Откако ќе победите едно време нека ве снема од јавноста. Отприлика три и пол години и после почнете ја кампањата за следниот мандат со планови кои ќе брчат во следните 4 бидејќи во претходните не се постигнуваше.

Со оваа стратегија шанса нема да не победите. Ептен ако е тенко можете да одите на кризен ПР што значи да ги вадите дилерите и швалерките на конкурентот. Ако конкурентот е жена идете со тоа дека е неспособна и ружна и најверојатно нешто не е нормална ама мали се шансите да е жена еве глеам нема ниедна кандидатка.

*оваа стратегија е бесплатна освен слоганот, слоганот е сто миљарди. Нето“, напиша таа.


Слично

Поврзани вести