Сега имаме четири градови без заболени од коронавирус
Во Македонија сега имаме четири градови без заболени од коронавирус.
Активни случаи нема во Дојран, Пехчево, Демир Капија и Пробиштип. По 1 случај има во Македонски Брод, Валандово и Дебар. Берово и Богданци имаат по 2 активни, а по 3 има во Крива Паланка и Македонска Каменица. Во Крушево има 4, а во Демир Хисар 5 случаи, додека 7 има во Кратово. Делчево и Ресен имаат по 9 активни случаи.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во државата од почетокот на епидемијата изнесува 155.379, бројката на оздравени пациенти е 148.910, на починати е 5.442, а бројот на активни случаи изнесува 1.027.
Досега во земјата се направени вкупно 807.837 тестирања на Ковид-19.
foto freepik
Слично
