Сега е време да кажеме да, вели Шарл Мишел за францускиот предлог
Сега е време да кажеме да, вели претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел кој го поздрави изнаоѓањето на решение за спорот меѓу Македонија и Бугарија. Тој напиша на Твитер дека решението ќе го отвори патот за започнување на пристапните преговори на Македонија со ЕУ.
„Решението се однесува на изразената загриженост. Најблиску сме што некогаш сме биле: сега е време да кажеме да“, напиша Мишел.
Слично
