Седумнаесет годишно дете прегазено во Гостивар
Утринава околу 10 часот и 30 минути, на крстосницата на улиците „ЈНА“ и „Браќа Гиновски“ , Гостивар, во сообраќајна несреќа е тешко повреден пешак.
Имено, патничко моторно возило „Фолсфаген џета“ со скопски регистерски ознаки, управувано од 38- годишниот Б.И од Долна Бањица, гостиварско удрило во 17 годишен пешак од Гостивар, се вели во соопштението од полиција.
Пешакот се задобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во гостиварската болница, пренесен е во Комплекс клиники ''Мајка Тереза" Скопје.
Слично
