Седуммина признаа вина за насилните протести пред Собранието
Седум од осум обвинети за насилните протести пред Собранието за францускиот прелдог, признаа вина пред Кривичниот суд за настаните на 5 јули. Дел од нив посочија дека се каат за тоа што се случува.
Од обвинетите, седуммина се во куќен, а еден е во ефективен притвор. Тројца од нив се 18-годипници кои учеле средно образование.
Онвинети се Славчо Симоновски, Младен Ристовски, Антонијо Величковски, Никола Михаиловски, Штефан Шуман и 18-годишните Иван Јосифовски, Бојан Стефановски, Виктор Стојков,
Обвинителката Наташа Сарамандова кажа дека ги гони за кривичното дело учество во толпа. Тие фрлале со тврди предмети кон Собранието, ја оштетиле оградата, но повредиле и полицајци.
„Откако била тргната оградата, со непознатите лица, со тврди предмети, бекатонки, пиротехнички средства и молотови коктели фрлале кон зградата на Собранието и полицајците, додека тие биле распоредени во заштита на зградата“, рече Сарамандова.
