Седумгодишно девојче нападнато од куче со сопственик во Карпош
Седумгодишно девојче било нападнато од куче со сопственик на детско игралиште во скопски Карпош, информира Министерството за внатрешни работи.
Случајот бил пријавен вчера вечер во СВР Скопје од страна на мајката на девојчето. Според пријавата, нападот се случил околу 15 часот на детско игралиште на подрачјето на Карпош.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Целото соопштение од МВР:
„На 14.05.2026 во 20:30 часот во СВР Скопје, Н.Т.(38) од Скопје пријави дека околу 15:00 часот на детско игралиште на подрачјето на Карпош во Скопје, нејзината седумгодишна ќерка била нападната од куче со сопственик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.“
Слично
