Седумдесет и деветгодишен скопјанец допирал малолетничка во автобус
Во градски автобус во Скопје, 79-годишник допирал малолетничка по телото.
Вчера во 12.45 часот на подрачје на Кисела Вода, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го уапсиле Л.Т.(79) од Скопје затоа што претходно во градски автобус допирал по телото малолетничка од Скопје. Полицијата информира дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Месецов полицијата уапси маж на возраст од 70 години од Скопје кој допирал малолетничка по телото.
Слично
