Седумдесет и четиригодишен маж загина во Скопје откако во него удрил мотоциклист
Седумдесет и четиригодишен маж загина на патот откако во него удрил мотоциклист
Министерството за внатрешни работи соопшти детали за сообраќајката што се случи во Скопје, каде 74-годишен маж загина од удар од мотоциклист.
„На 08.06.2024 година околу 12:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар „Керсте Мисирков“ во близина на крстосницата со булевар „Гоце Делчев“ во Скопје, мотоциклист со „хонда“ со скопски регистарски ознаки управуван од страна на Е.С.(26) од Скопје удрил во пешакот А.И. (74) од Скопје. По здобиените повреди на местото на несреќата починал А.И., додека лекарот на Итна помош констатирал смрт“, се наведува меѓу другото во известувањето на МВР.
Од таму додаваат дека мотоциклистот се здобил со телесни повреди, додека увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа на Секторот за внатрешни работи Скопје.
