СЕДУМЧАСОВНОТО РАБОТНО ВРЕМЕ ПРИСТИГНУВА НА БАЛКАНОТ: Помалку работа за иста плата за работниците во Црна Гора
Црна Гора е се поблиску до воведување на седумчасовен работен ден, а ова го соопшти премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ.
Како што изјави тој, по обемни размислувања за тоа како да се најде модел што би ги задоволил и синдикатите и работодавачите, „блиску сме до решение кога станува збор за воведување на седумчасовен работен ден“.
„Од почетокот на следната недела, министерката Наида Нишиќ ќе води разговори во рамките на социјалниот дијалог со претставници на синдикатите и работодавачите, каде што ќе се кристализира конечната верзија на оваа реформа.
Намерата е преку широки консултации да се спроведе една од најголемите реформи во областа на трудот, насочена кон подобрување на квалитетот на живот на нашите граѓани и повеќе време за семејствата, како и поефикасна и попродуктивна работа.
„На истиот начин како што беа имплементирани програмите Европа САД 1 и Европа САД 2 - со согласност и на работодавачите и на синдикатите - конкретните чекори во случајот со реформата на седумчасовниот работен ден ќе бидат преземени исклучиво со целосна поддршка од социјалните партнери“, рече Спајиќ на мрежата Икс.
Тој додаде дека верува оти министерот Нишиќ ќе направи сè за да постигне договор во оптимален временски рок, со цел да ги исполни очекувањата на граѓаните и да ја зајакне позицијата на сите вработени.
Иако во Европа не постои унифицирана мерка што го одредува посакуваниот број часови, во некои земји се зема предвид и работно време од седум часа или на одредени категории од населението, на пример жени или родители, им се нуди можност за работа со скратено работно време.
Според податоците на Евростат, најмногу работни часови има во Грција (39,8 часа неделно), Романија (39,5), Полска (39,3) и Бугарија (39).
Од друга страна, Холандија има најкратка работна недела (32,2 часа), по што следат Австрија (33,6) и Германија (34).
Еуправозато.рс