СЕДУМ ТИНЕЈЏЕРИ ЗАВРШИЛЕ НА ТОКСИКОЛОГИЈА: Поради алкохолизирана состојба на клиниката ноќеска се примени вкупно 17 пациенти
Во текот на
новогодишната ноќ на Универзитетската Клиника за токсикологија Скопје се примени
17 пациенти поради алкохолизирана состојба, од кои седум биле малолетници од 14
до 17 години. Министерот за здравство, Венко Филипче истакна дека сите се во
добра здравствена состојба.
– После соодветниот третман сите се добри, рече Филипче.
Како што посочија од клиниката, 10 пациенти биле машки, а седум женски лица. По амбулантскиот третман ја напушиле клиниката.
Во службата за Итна медицинска помош имало околу 50 повици, во најголем случаи заради пациенти кои се алкохолизирани, помалку пациенти повредени во физичка пресметка и неколку помали и една посериозна сообраќајна несреќа.
Слично
