Економија, финансии, бизнис

Контакт

Седум повредени во верижен судир кај Отовица

Седум повредени во верижен судир кај Отовица

Седум лица се повредени во верижниот судир кој вчера околу 9.30 часот се случи на автопатот Велес-Скопје близу наплатната рампа Отовица.

Во несреќата автомобил „Мазда“ управуван од прилепчанецот Р.Р. (63), „Опел“ сопственост на правно лице управуван од М.Н. (52) од Кавадарци, „Волво“  кое го возел 53 годишниот кавадарчанец Т.Р., „Мерцедес“ кој го возел Р.Т. (22) од Кавадарци и „Голф“ управуван од К.Н. (37) од Прилеп.

Од седум повредени еден е потешко повреден. 

Во несреќата  возачот на „Маздата“ Р.Р. се здобил со тешки повреди. Повредените се пренесени во велешката болница, а полицијата на местото на несреќата извршила увид.


Слично

Поврзани вести