Седум обвиненија за учесници на протестот во „Монструм“, шестмина веќе се во притвор
Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинение за седум учесници на протестите во врска со пресудата за предметот „Монструм“.
Шестмина од нив веќе се во притвор, а за уште еден обвинителството на судот денеска му предложи да определи мерка притвор, поради опасност од бегство и можност да го повтори делото.
Сите се обвинети за кривично дело „учество во толпа“, а обвинителството ќе бара продолжување на притворот за истоте.
Тие на 26 февруари биле дел од толпата која со заедничко дејствување сторила насилства кон полициски службеници и други присутни лица.
Фрлајќи со камења, бекатон плочки, метални шипки и други предмети, во обид да го пробијат полицискиот кордон, со тешки телесни повреди се здобил новинар присутен на местото на настанот, а повредени биле и 11 полициски службеници.
