СЕДУМ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО НЕКОЛКУ СООБРАЌАЈКИ - дел од нив завршиле низ клиниките во земјава
Повредени се седум лица во три различни сообраќајни незгоди кои се случила во текот на вчерашниот ден.
Како што информираат од МВР, во нивниот редовен билтен, четири лица се повредени во сообраќајка која вчера на пладне се случила на автопатот Гоце Делчев во насока од Свети Николе кон Скопје.
- На 30.08.2025 во 13:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Гоце Делчев, во насока од Свети Николе кон Скопје, во близина на клучка Коњари, патничко возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Н.(36) од Скопје се превртело.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка, а со телесни повреди се здобиле возачот, сопатничката С.Н.(36) и уште еден малолетен сопатник констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје - напоменуваат од МВР.
Во втората сообраќајка која се случила на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка помеѓу патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Т.(46) од с.Кучевиште, скопско и патничко возило „рено“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Б.(52) од Куманово, повредеи се двајцата возачи.
Во третата несреќа возачот изгубил контрола над возилото и излетал од патот.
- На 30.08.2025 во 18:00 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево товарно возило „ман“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(38) од с.Зајас, кичевско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево - се потенцира во извештајот.
