Седум години затвор за Никола Груевски во „Плацеви на Водно“, ќе му се конфискува имотот
Поранешниот премиер Никола Груевски е осуден на првостепена казна затвор од седум години за перење пари и противправно стекнување и прикривање имот од првообвинетиот во случајот „Плацеви на Водно“.
Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, за перење пари доби казна затвор една година и три месеци, во која казна се засметува времето поминато во притвор. Јордан Камчев за перење пари е осуден со казна затвор една година во која му се засметува времето минато во притвор.
Кумот на Груевски, Ристо Новачевски, за перење пари доби алтернативна мерка условна осуда од три години. Бизнисменот Ненад Јосифовиќ за перење пари алтернативна мерка казна затвор од две години.
Судот констатираше дека никој друг не стекнал материјална корист, освен Никола Груевски. Најавена е конфискација на имотот стекнат од Груевски, од правните лица „Лајв Кеар“, ИТК Инженеринг и од СС Инвестмент. Се конфискува и стан од физичко лице, а од Новачевски се запленуваат градежни парцели во Крушево.
