Седум деца се затруле од храна во Академијата на ФФМ
Државниот санитарен инспекторат влезе во Фудбалската федерација на Македонија откако седум деца - млади фудбалери на Акедемијата, се пожалиле на труење од храна со стомачни болки и грчеви.
Со децата заедно биле тројца тренери и еден лекар, кога се пожалиле
Фудбалската федерација на Македонија во врска со случајот поврзан со Академијата на ФФМ ги доби резултатите од лабараториските испитувања во медицинската установа "Неуро медика".
„Лабараториските испитувања кај сите фудбалери се во граници на нормални вредности. Сите фудбалери се во добра општа состојба и полно здравје. Резултатите од дополнителните испитувања ќе ја утврдат објективната причина за случајот.“, рекоа од ФФМ.
Слично
