Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕДНУВААТ ВО ФОТЕЛЈИТЕ НА МЕЏИТИ И АЛИУ: Собранието ги избра Илир Демири и Наим Бајрами за министри

СЕДНУВААТ ВО ФОТЕЛЈИТЕ НА МЕЏИТИ И АЛИУ: Собранието ги избра Илир Демири и Наим Бајрами за министри

Собранието ги избра Илир Демири и Наим Бајрами за министри за здравство и за информатичко општество и администрација. 

Tие доаѓаат на местото на нивните сопартијци Фатмир Меџити и Азир Алиу кои во петокот беа разрешени на предлог на техничкиот премиер Талат Џафери, поради раскол во партијата Алијанса за Албанците во однос на настапот на изборите. 

Двајцата се избрани со 63 гласа „за“, ниту еден против и воздржан. По изборот, тие дадоа свечени изјави.

Во текот на расправата која се сведе на партиски препукувања, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ оценија дека изборот на новите министри нема никаква логика, особено сега,  непосредно пред изборите. Тие го квалификуваа ваквото решение како „циркус наречен влада на ДУИ и СДСМ“.

Слично

Поврзани вести