Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕДНИЦАТА ПРОДОЛЖУВА УТРЕ: Уставните судии не избраа нов претседател кој ќе ја замени Кацарска

СЕДНИЦАТА ПРОДОЛЖУВА УТРЕ: Уставните судии не избраа нов претседател кој ќе ја замени Кацарска

Уставните судии не избраа нов претседател. 

Две судијки се во битката за претседател на Уставниот суд и наследник на Добрила Кацарска. Потребни се шест од деветте гласа на уставните судии. Четири обиди за избор беа неуспешни, а гласањето продолжува утре.

„Согласно Деловникот, постапката за избор се повторува се додека не се избере претседател на Уставен суд“, велат од судот.

Во трка за наследник на Добрила Кацарска и тригодишен мандат без право на реизбор,  се Татјана Васиќ - Бозаџиева и Ана Павлова Данева.

Гласањето за избор на нов претседател на Уставниот суд продолжува утре во 10 часот.

Кацарска вчера кажа дека во Грција била нападната на плажа и добила клоца поради пресуда за екс премиерот Никола Груевски. 

За ова обвинување, ја критикуваше Груевски на социјалните мрежи. 

Слично

Поврзани вести