Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕДНИЦАТА ПРЕКИНАТА: Огласот за јавен обвинител уште не е изгласан

СЕДНИЦАТА ПРЕКИНАТА: Огласот за јавен обвинител уште не е изгласан

Откако беше исцрпена расправата за распишување на оглас за нов јавен обвинител, собранискиот претседател Талат Џафери ја прекина седницата и најави дека пратениците дополнително ќе бидат известени за тоа кога ќе биде закажано продолжението. 

По завршување на расправата, огласот треба да биде ставен на гласање.

Пратениците од опозицијата и во попладневниот дел од расправата за огласување именување јавен обвинител на Република Македонија, побараа да се одложи оваа точка за по локалните избори и да се испочитува мислењето на Државната комисија за спречување на корупцијата.

По распишувањето на огласот за јавен обвинител, во рок од 15 дена ќе се пријавуваат кандидати и за нив ќе треба потоа мислење да даде Советот на јавни обвинители. 

Поранешниот јавен обвинител, Марко Зврлевски беше разрешен од функцијата на 17 – ти август по предлог на Владата затоа што според нив, тој ненавремено, незаконски и недоволно стручно ја извршувал функцијата. Во моментов, со обвинителството раководи в.д. јавен обвинител Лилјана Спасовска.

Слично

Поврзани вести