Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕДНИЦАТА ПОЧНА: Клучот за историска одлука е во раце на пратениците, кажа Заев

СЕДНИЦАТА ПОЧНА: Клучот за историска одлука е во раце на пратениците, кажа Заев

 Собранието на Република Македонија ја започна 61. седница на која на дневен ред e Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија со насоки за негово изменување и дополнување поднесен од Владата.

Во салата се пратениците од сите пратенички групи, а се очекува предлогот да го образложи премиерот Зоран Заев. На седницата присуствува и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Пред седницата координација во седиштето на партијата одржаа пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Предлог за пристапување на измена на Уставот на РМ е прва точка на седницата.

-Клучот за историската одлука денес е во раце на вас пратениците кажа премиерот на стартот на образложението.

Слично

Поврзани вести