Седницата одложена, новиот спикер ќе си ја почека фотелјата-ВМРО ДПМНЕ повторно условува
И денеска пратениците си реплицираа и контрареплицираа во собраниската сала.
Од партијата на Никола Груевски истакнаа дека ќе го деблокираат изборот на новиот претседател на Собранието ако тој веднаш распише нови предвремени парламентарни избори.
„Ако најдеме гаранција да го распуштиме Собранието, уште денес ќе биде избран претседател на Собранието што ќе има единствена улога да распише брзи локални избори и да распише брзи предвремени парламентарни избори“, рече Илија Димовски.
Пратениците продолжија да се препукуваат меѓусебно, дебатираа за платформата на албанските партии, како и за зачувување на унитарноста и на суверенитетот на државата.
Но и покрај барањата на СДСМ да се продолжи седницата после 18 часот, истата е одложена за утре во 11 часот.
