Економија, финансии, бизнис

Контакт

Седницата не била почната, а болните пратеници веќе биле внатре: Прекршен ли е протоколот?

Седницата не била почната, а болните пратеници веќе биле внатре: Прекршен ли е протоколот?

ВМРО-ДПМНЕ бара престедателот на Собранието Талат Џафери да го покаже документот кој го потпишал Жарко Караџовски и врз основа на кој двајца пратеници во скафандери гласаа во Собранието. Левица пак тврди дека за ова некој ќе одговара, затоа што според Протоколот, во Собранието може да влегуваат лица кои се во самоизолација и без симтоми, но не и позитивни. 

Џафери вчера во телевизско гостување тврдеше дека двајцата пратеници во скафандер гласале оти тоа им го овозможува Протоколот за работа на Собранието подготвен од Комисијата за заразни болести. Додаде и дека добил согласност односно Решение потпишано од Жарко Караџовски дека пратениците може да дојдат во Собрание ако бидат обезбедени услови за такво нешто.

„Караџовски нема правен основ за да изврши промена на протоколите. Јавно повикуваме Џафери јавно да го објави документот врз основа на кој Караџовски дозволил слободно движење на пратениците и ослободување на протоколите? Да се дозволи јавен увид доколку постои таков документ кој би бил правен преседан. Каков е тој документ со кој се суспендираат законите на неколку часа? Дали со ова Џафери призна дека Караџовски направил фалсификат документ или пак таков документ не постои. Караџовски и Џафери треба да одговорат која е вистината. Или Џафери лаже, или Караџовски крши закони, соопштуваат од партијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Борислав Крмов од Левица вели дека протоколите биле прекршени најмалку два пати, а дека според правилата може да влегуваат суспектни, а не и позитивни пратеници.


„Второ, седницата беше закажана во 14:00 часот, а болните колеги беа во зградата далеку пред тоа! Протоколот е јасен, тие мора да чекаат во возилото со кое се дојдени се додека сите пратеници не се во салата, па дури и тогаш да влезат. Јас пристигнав во Собранието 20 минути до 14 часот и веќе патот по кој поминале болните колеги беше мокар од средства за дезинфекција и службите со маски прскаа на сите страни. Лифтот со кој ги качиле на 3-ти кат веќе беше затворен. По моја проценка, час ипол до два часа пред почетокот на седницата, тие веќе беа во Собранието, вели Крмов.


Слично

Поврзани вести