Седница за одложување на пописот ќе има утре ако се создадат услови
Заврши координација кај претседателот на Собранието, Талат Џафери, при што седница не е договорена. Нема услови денеска да се одржи седница на Собранието наменета за одложување на пописот. Пратеничките групи велат дека ако се создадат услови, седницата ќе се одржи утре.
Џафери претходно кажа дека пописот на населението што според законот треба да започне утре може да се одложи само со закон, кој треба прво да биде поднесен, па пратен на комисиска расправа, па потоа да се изгласа на седница.
Слично
